Тежнеејќи да ги оствари зацртаните цели, ОЛУ си ги постави следните приоритети:

- Промовирање на мултикултурното разбирање и развој; 

- Промовирање на меѓугранична и регионална соработка, како и размена на знаење, идеи и искуства; 

- Поддршка и градење на капацитетите на универзитетскиот кадар и на високообразовните институции во регионот; 

- Промовирање на превенцијата на конфликтите, како и на нивното мирно разрешување; 

- Охрабрување на регионалниот дијалог; 

- Зајакнување на регионалната мобилност преку интеграрање со меѓународните институции за високо образование; 

- Поттикнување на критичкото мислење; 

- Негување на академска и индивидуална слобода; 

- Градење на  духот на заедништво, толеранција, соработка и солидарност; 

- Зајакнување на улогата и придонесот на невладините и другите организации и здруженија во реформата на образованието; 

- Умрежување заради поширока европска соработка; 

- Справување со процесот на одлевање мозоци,  преку стимулирање на младиот наставен кадар да ја продолжи кариерата на универзитетите во регионот. 

Copyright © 2010 EvroBalkan