Втор циклус на студии 2012/2013

РОДОВИ СТУДИИ. Родовите студии претставуваат возбудлива и жива научна област, интердисциплинарно структуирана, којашто во себе вклучува различни дисциплини од областа на општествените и хуманистичките науки. Родовите студии се занимаваат со прашањата за родовите улоги, идентитетот, статусот на жената и мажот во општеството и промените кои настануваат во различните периоди и на различните простори. Филозофијата, социологијата, политичките науки, псхихологијата, литературата, историјата, лингвистиката, антропологијата, економијата и правото се изучуваат од родов аспект, со цел да се разберат начините на кои се структурираат полово условените идентитети (родовите). Студентите ќе се оспособат за анализирање на општествените и културните феномени, преку аспектот на родот, што им отвара можности за кариера во различни сектори каде се бара експертиза од областа на родовите прашања.

Координатор на студиската програма: м-р Душица Димитровска Гајдоска

contact@euba.edu.mk

тел. 02 30 75 570 лок.110

Со завршувањето на последипломските студии, студентите се стекнуваат со научен степен  магистер (м-р) по социолошки науки и родови студии/ магистер по филозофски науки и родови студии.

Кариерни можности: Државни и јавни институции, универзитети, научни институти, комисии за родова еднаквост, локална самоуправа, приватен сектор, невладини организации, меѓународни организации, човечки ресурси, човекови права, новинарство, комуникации, медиуми, образование, филозофија, социологија, право, историја, политика, економија, истражување, планирање, менаџмент...

Студиски програми

Родови студии / едногодишни овде

Родови студии / двогодишни овде

Опис на предметните програми

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН МЕТОДОЛОШКИ МОДУЛ

- МЕТОДОЛОГИИ И ЕПИСТЕМОЛОГИИ НА ХУМАНИСТИЧКИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ

- КВАЛИТАТИВНИ И КВАНТИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ МЕТОДИ

- АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ТЕОРИСКИ МОДУЛ ПО СОЦИОЛОГИЈА И РОД

-ВОВЕД ВО СОВРЕМЕНИ ОПШТЕСТВЕНИ ТЕОРИИ (2013)

- ОПШТЕСТВЕНИ ТЕОРИИ НА РОДОТ (2013)

ИЗБОРНИ МОДУЛИ  

- Религија и род

- Родот во Византија

- Постколонијални теории и преведување на идентитетите

- Антропологија на секојдневно живеење

- Женско читање

- Квир теорија

- Политики на љубовта

- Родот и популарната култура

- Вовед во културолошки студии

- Психоанализата и родот

- Културна антропологија

- Традиција и фолклор на Балканот

- Субјективитетот и идентитетот во ЈИЕ

- Мултикултурализам

-Родот и социоекономските права

- Род и развој

Copyright © 2010 EvroBalkan