Втор циклус на студии 2012/2013

Студии на југоисточна Европа. Студиите на Југоисточна Европа се фокусирани на политичките науки, што им овозможува на студентите да ја разберат комплексноста на политиката и меѓународни односи во регионот кој не опкружува и светот во кој колективно живееме. Програмата вклучува стекнување напредни знаења за основите на модерната политика, меѓународните односи и дипломатијата, природата на државата, нацијата и националните движења, митологизацијата, односите меѓу заедниците, политичкиот систем, етичките и религиските прашања, безбедноста, демократијата, релациите на моќ, гео-политиката итн. Интердисциплинарниот приод им овозможува на студентите да ги продлабочат своите знаења, оспособувајќи ги за анализирање на комплексниот и динамичен развој на современите политики во Југоисточна Европа и светот, како и на идната регионална и светска констелација.

Раководител на студиска програма: 
Координатор на студиска програма: 


тел. 02 30 75 570

Во рамките на студиската програма, свои модули ќе понудат:

Соработници на студиската програма:

Студиски програми

Студии на ЈИЕ / едногодишни - овде

Студии на ЈИЕ / двогодишни- овде

 

Со завршувањето на последипломските студии, студентите се стекнуваат со научен степен  магистер (м-р) по студии на Југоисточна Европа.

Кариерни можности: Државни и јавни институции, универзитети, научни институти, локална самоуправа, приватен сектор, невладини организации, меѓународни организации, аналитика, истражување, надворешна политика, дипломатија, меѓународни односи, образование, новинарство, медиуми, комуникации, односи со јавност, право, меѓународен бизнис, менаџмент, консалтинг, лобирање, кампања...


Опис на предметните програми

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН МЕТОДОЛОШКИ МОДУЛ

- МЕТОДОЛОГИИ И ЕПИСТЕМОЛОГИИ НА ХУМАНИСТИЧКИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ

- КВАЛИТАТИВНИ И КВАНТИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ МЕТОДИ

- АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ТЕОРИСКИ МОДУЛ

- ВОВЕД ВО ПОЛИТИЧКИТЕ НАУКИ

- МОДЕРНА БАЛКАНСКА ИСТОРИЈА

ИЗБОРНИ МОДУЛИ  

- МИТОЛОГИЈА И МИТОЛОГИЗАЦИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

- КОНСТРУИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИСТОРИОГРАФИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

- КУЛТУРНА АНТРОПОЛОГИЈА

- ВОВЕД ВО КУЛТУРОЛОШКИ СТУДИИ (вовед во социологија и философија на културата)

- ТРАДИЦИЈА И ФОЛКЛОР НА БАЛКАНОТ

- СУБЈЕКТИВИТЕТОТ И ИДЕНТИТЕТИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

- КОМУНИСТИЧКОТО МИНАТО, НАЦИОНАЛИЗМОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

- КОМПАРАТИВНИ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

- ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО ТРАНСАТЛАНТСКИТЕ ОДНОСИ

Copyright © 2010 EvroBalkan