Втор циклус на студии 2013/2014 година

Културна Антропологија и Археологија. Овие студии се занимаваат со феноменот на човековите култури сфатени во најшироката смисла на поимот (холизам): обичаи, верувања, класификациони системи, материјална култура, уметност, политички и економски уредувања итн. Идните студенти ќе бидат запознаени со низа од теоретски концепти и истражувачки методи, кои се од централно значење за современата Културна Антропологија и Археологија, а ќе може да бираат од една широка палета од генерички суб-дисциплини: Фолклор, Антропологија на Секојдневно Живеење, Урбана Антропологија до Фунерарна Археологија, симболички претстави на човековото тело или Керамографија.

Последипломските студии по Културна Антропологија со Археологија совршено се вклопуваат во сетот студиски програми кои досега се нудеа на Институтот “Евро-Балкан“. Оваа студиска програма е во својата суштина интердисциплинарна и има многу допирни точки со Студиите по Култура, Родовите Студии, Политичките Студии на ЈИ Европа, Византолошките студии и секако со додипломските студии од областа на Социјалната Антропологија. Со додавање на археолошката компонента, сметаме дека на програмската студија и даваме не само историска длабочина, туку и низа на специфични методи на истражување (археолошки анализи, ГИС) и една поинаква перспектива на сегашноста.

Раководител на студиската програма 

 

тел. 02 30 75 570

Координатор на студиската програма 

 

тел. 02 30 75 570

Со завршувањето на последипломските студии, студентите се стекнуваат со научен степен магистер (м-р) по културна антропологија со археологија или магистер (м-р) по археологија со културна антропологија

Студиската програма од втор циклус на студии од областа на културната антропологија со археологија ги подготвува студентите за индивидуална и групна истражувачка работа, како и стекнување на експертиза за развивање на културно-сензитивни политики. Магистрите од областа на студиите по културна антропологија и археологија имаат можности за кариера во различни сектори и институции, како и во невладини организации, домашни и меѓународни организации кои се занимаваат со аспектите на културно-историското минато и неговата рефлексија во современието. Исто така можна е и кариера во бизнис секторите поврзани со областа на креативни индустрии, урбано и просторно планирање и сл.

Листа на модули

Културна Антропологија и Археологија/едногодишни студии (тука е линк до табела)

Опис на предметните програми

Предмети по семестар

Задолжителни методолошки предмети:

Методологии на антрополошки и археолошки истражувања

Академско пишување

Задолжителни теоретски предмети:

Теории на културната антропологија

Археолошки теории

Четири изборни предмети од следната листа:

Применета антропологија

Етнологија, етнографија, фолклористика

Антропологија на родовите

Визуелна антропологија (ликовност, театар, филм)

Вовед во археологија

Вовед во култоролошки студии

Традиција и фолклор на Балканот

Вовед во историска антропологија

Антропологија на секојдневното живеење

Антропологија на религиите и системи на верување

Керамографија

Фунерарна археологија

Археологија на конфликт

Археологија на пејсаж

Урбана антропологија

Антропологија на заедниците и народите во Југоистична Европа

Проектен менаџмент

Епистемологии на хуманистичките и општествените науки

Copyright © 2010 EvroBalkan