Висока стручна школа за ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

 

Тип на студии: Студии од прв циклус (додипломски)

Години на студирање: 3 години -  6 семестри

Број на кредити што се стекнуваат на студиската програма: 180

Звање што се стекнува: Дипломиран економист на стручната студиска програма по финансии и банкарство

 

Со отворањето на Високата школа за ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО за прв пат во Република Македонија се акредитираат професионални, стручни додипломски студии од оваа специфична област. Како Универзитет кој долги години работи и е во контакт со европските образовни центри ја препознавме потребата за студирање во склад со потребите на реалниот сектор. За таа цел контактиравме претставници од банките и финансиските институции и заедно со нив ја дефиниравме програмата според која ќе студираат нашите идни студенти. Идејата е нашиот студент да биде комплетен производ на крајот од третата година кој ќе биде баран на пазарот на труд, но и потполно подготвен за самостојна работа преку современите средства за самостојно тргување и заработка на светските финансиски пазари.

Примарната цел на студиската програма е преку проучување на новите финансиски практики, модели и употреба на врвна, современа литература студентите да се стекнат со вештини и знаења неопходни за анализирање на финансиските одлуки кои се базираат врз принципите на модерната финансиска теорија, а наоѓаат практична примена во процесот на креирање на нова вредност кај компаниите и финансиските институции.

Студиски програми и наставен кадар

Конкурс за пријавување на додипломски студии

Пријава за упис на прв циклус на студии.doc

 

Copyright © 2010 EvroBalkan