Втор циклус на студии 2013/2014

Дигитална форензика.

Глобализацијата како светски феномен не ја одмина ни науката. Таа ги направи научните дисциплини испреплетени и зависни една од друга. Денес, било која научна дисциплина сама за себе не може да функционира и да го дава ефектот кој се бара од неа. Со други зборови останува на занаетско рамниште. Истата судбина ја имаат и форензиката и информатичко-комуникациските технологии. Сами за себе немаат ни 50 % од вистинското значење

Одговор на овие предизвици дава Институтот за дигитална форензика и напредни технологии во телекомуникациите и компјутерските науки во рамките на Втор циклус на студии насока Дигитална форензика.

Виртуелниот човечки свет се` повеќе постанува оној природен амбиент во кој човекот секојдневно живее и твори. Во тој свет и со помош на тој свет тој ги остварува своите желби и потреби, но истовремено ги развива своите потенцијали благодарение на неограничените можности на комуницирање и пристап до сите информации.

Паралелно со огромните позитивни придобивки, виртуалниот свет е придружен од многубројни негативни сопатници. Најопасен меѓу нив е компјутерскиот криминал. Таа, вообичаена и денес општо прифатена синтагма ги опфаќа сите казнени дејанија со кои неовластено се влијае на користењето, целокупноста, достапноста и тајноста на програмските и податковните основи на компјутерскиот систем, односно на мобилните телекомуникациски системи.

Злоупотребите на информатичко-комуникациските технологии се се` почести и поопасни. Затоа и превентивата од нив, нивното расветлување и докажување пред надлежните институции постануваат врвен приоритет речиси на исто рамниште како и самиот развој. Во тоа помага Дигиталната форензика.

Дигиталната форензика како наука има за цел собирање, чување, пронаоѓање, анализа и документирање на дигиталните докази кои се складирани, обработувани или пренесувани во дигитален облик. Тоа е еден комплекс од повеќе области од информатиката, комуникациите, правото и криминалистиката

Сложеноста на проблемите на кои наидуваат форензичарите, условиле специјализација на стручњаци за различни области. Дигиталната форензика можеме да ја поделиме на компјутерска форензика, форензика на мобилни уреди и форензика на бази на податоци. Во понапредните средини, форензичарите се занимаваат со одредени оперативни системи, се специјализираат за Windows, Linux и Mac OS. Форензичарите како и сите информатичари, мора редовно да ја следат технологијата.

Студентите на Втор циклус на студии, насока „Дигитална форензика“ во рамките на Институтот за „Дигитална форензика“ при Универзитет ЕВРО-БАЛКАН, ќе се оспособат методолошки да спроведуваат анализа на различни криминални активности во поедини компјутерски системи, компјутерски мрежи и мобилни телекомуникациски уреди. Исто така ќе се едуцираат да извлекуваат, дистрибуираат, припремаат, архивираат и прикажуваат дигитални докази пред званичните органи и судските институции. Тие ќе се специјализираат како судски вештаци во областа на електронскиот криминал. Студиите по дигитална форензика даваат одлична база-основа за нивно понатамошно развивање во областа на електронскиот криминал.

Исто така на студентите ќе им се понуди можност во соработка со званични легални институции-фирми акредитирани за одреден форензички алат-програма да полагаат и да добијат меѓународно признаен сертификат за познавање и употреба на одредена форензичка алатка-софтвер. 

Раководител на студиската програма: доц. д-р.Сашо Гелев

Во рамките на студиската програма, предавања ќе изведуваат: проф.д-р Јован Пехчевски, проф. д-р Тони Стојановски, доц. д-р Сашо Гелев, проф. д-р Биљана Јанева, доц. д-р Вангел Ноневски, лектор Зорица Каевиќ и други.

Соработници на студиската програма: м-р Александар Соколовски, м-р Ивана Атанасова, м-р Јелена Ѓорѓев, .

Наставна програма овде

Со завршувањето на вториот циклус на  студии, студентите се стекнуваат со научен степен  магистер (м-р) по информатика во областа на дигиталната форензика.

Кариерни можности: Државни и јавни институции, универзитети, научни институти, банки, финансиски институции, полиција, војска, агенции за обезбедување, поголеми стопански корпорации кои имаат развиен ИТ сектор, образование итн.

Опис на предметните програми:

I семестар:
Задолжителни предмети: 
Криминалистичка методика
Методика на истражување на електронски криминал

Еден изборен предмет:
Криптографски системи и алгоритми
Дигитални докази
Компјутерски мрежи


II семестар:
Задолжителни предмети:
 Квалитативни и квантитативни истражувачки методи

Еден изборен предмет:
Методи на форензичка идентификација преку препознавање на облици
Информациско телекомуникациски системи во полиција

 

 

 

 


Администрација на Линукс системи
Архитектура на компјутери
Бази на податоци
Интернет технологии
Компјутерска етика
Компјутерски алатки
Криминалистичка психологија со психопатологија
Криминалистичка техника
Оперативни системи
Основи на криминалистика
Позитивно хакерство
Правни аспекти на електронскиот криминал
Социјални мрежи

Copyright © 2010 EvroBalkan