Уште од 1998 година, кога за првпат беше организиран, Охридскиот летен универзитет функционира како академска програма наменета за млад наставен кадар, докторанти, последипломци, истражувачи и професионалци, која нуди интензивни, проблемски ориентирани курсеви базирани на истражување од областа на општествените и хуманистичките науки.

Инициран како производ на напорите да се промовира нов, алтернативен пристап во високото образование, ОЛУ дејствува како образовен форум за отворена интелектуална дебата, кој нуди теориското истражување и образовната практика, спојувајќи ги интердисциплинарните методологии и меѓународните академски достигнувања и, на тој начин, обезбедувајќи ефективни можности за образовен развој на нови генерации наставен кадар кој доаѓа од разни географски, културни и етнички средини.Со тоа што секоја година повеќе од 100 учесници кои доаѓаат од земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа и од поранешните советски републики ги следат курсевите на летните школи, понудени од професори од Универзитети од целиот свет кои се истакнати во своите дисциплини, ОЛУ воспоставува меѓународна академска мрежа, која нуди платформа за постојана и продуктивна соработка.

Охрабрувајќи обнова на наставните програми преку креативно реструктурирање на содржините, како и преку примена на иновативни наставни методи и техники, ОЛУ промовира воспоставување ефикасен академски курикулум кој оди во чекор со признаените стандарди на меѓународните универзитетски институции. Во текот на своето единаесетгодишно постоење, преку организирање летните школи, ОЛУ континуирано се залага за: адекватна и ефективна обука на академскиот кадар, демонстрација на успешно поврзување на современата наука со ефикасна и иновативна настава, промовирање на академска извонредност и одржувањето на активна академска мрежа, како и заедничко унапредување на знаењето во определени дисциплини во меѓународен контекст. 

Со тоа што е сместен во градот Охрид, вековна културна престолнина на балканскиот регион, ОЛУ обединува разновидни социјални и културни настани, нуди соодветни локации за предавања на отворено и вклучува едукативни екскурзии на познати археолошки наоѓалишта и културни споменици, сместени на бреговите на Охридското Езеро.   

 

Aplikacija 2013

Copyright © 2010 EvroBalkan