11-01-2012 12:01

SUMMER INSTITUTE FOR SEXUALITIES, CULTURES AND POLITICS

 

            

Институтот за општетствени и хуманистички истражувања Евро-Балкан, Скопје

Во соработка со

СИНГИДУНУМ – Факултет за медиуми и комуникации, Белград

 

објавува

повик за апликации за

 

Летен институт за Сексуалности, култури и политика

’QUEERNESS, COMMUNITY, AND CAPITAL:
TOWARDS NEW ALLIANCES OF THE POLITICAL’

13.08-18.08.2012

Скопје

 

 Потврдени предавачи на Институтот:

David M. Halperin (University of Michigan, Ann Arbor, USA)
Јелисавета Благојевиќ (Сингидунум Универзитет, Белград, Србија)
Marina Gržinić (Slovenian Academy of Science and Art, Ljubljana, Slovenia / Academy of Fine Arts, Vienna, Austria)
Jamie Heckert (University of Essex, UK)

 Курсеви во рамки на Институтот:
Queerness, the Political, and Community(Предавачи: David M. Halperin, Јелисавета Благојевиќ)
 Arts, Culture, and Resistance(Marina Gržinić)
Queering the General Strike and the Occupation(Lecturer: Jamie Heckert) 

 Улови за учество:

Учесниците треба да се студенти на последипломски студии, докторанти или млади истражувачи. Активисти и практиканти во областа кои покажуваат посебен интерес за истражувања во областа на Родовите, Квир и Културните студии, како и визуелните уметности и хуманистичките и социјалните науки и поврзаните области се исто така добредојдени за аплицирање.

Партиципација за учество: 3000 денари. 

Партиципацијата за учество на семинарот го покрива обезбедувањето на студиските материјали поврзани со понудените курсеви, користењето на библиотеката на Институтот која располага со огромен и единствен фонд на наслови од поврзаните области и освежување за време на Институтот.

Наставата и дискусиите во рамки на Институтот ќе се одвиваат на англиски јазик.

Краен рок за пријавување: 02.08.2013

Форматот на Летниот институт за сексуалности, култури и политики вклучува предавања и мастер часови, дискусии, практични сесии, работилници и презентации.

Опис на Летниот институт:

Летниот институт за сексуалности, култури и политика е нов перманентен проект инициран од Одделот за Родови студии при Институтот Евро-Балкан, Скопје, Македонија.

Главната цел на Институтот е да обедини млади последипломски студенти, истражувачи, предавачи и активисти од Источна и Западна Европа и да промовира споделена платформа за истражување и трансдисциплинарна теориска рефлексија врз комплексните модуси на испреплетување помеѓу сексуалноста, културата и политиката, со што консеквентно ќе овозможи размена и проблематизација на геополитички детерминираните дискусрси во широкиот спектрум истражувања поврзани со сексуалноста, родовите студии и квир теоријата. Нашата идеја е да креираме услови во кои студенти, професори, истражувачи и активисти ќе се здобијат со можноста да ги доведат под прашање, да ги децентрализираат и демократизираат овие области преку поместувањето на поимот за теориска и геополитичка привилегија честопати имплициран во овие области, и на тој начин  да воведат нови модели за промислување на контекстуално специфични феномени поврзани со сексуалностите, и обратно, да ги обогатат теориските парадигми со контекстуално специфични феномени и истражувања. 

 

За детален преглед на овогодинешниот темат, програма, курсеви и биографии на предавачите видете овде.

 

Апликација за симнување овде.

 

Ве молиме сите апликации доставувајте ги до Славчо Димитров и Станимир Панајотов (контакт подолу)

 

Контакт:

Slavco Dimitrov and Stanimir Panayotov

Координатори на Летниот институт

Emails: slavco.euba@gmail.com, spanayotov@gmail.com

 

Институт за општествени и чуманистички истражувања “Евро-Балкан”

Бул. Партизански одреди 63, 1000 Скопје, Р. Македонија

Тел/Факс. 2 30 75 570

Email: poslediplomski.euba@gmail.com

www.euba.edu.mk      

 

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan