|
Културно-историската манифестација „Денови на Јустинијан I" која е посветена на еден од најголемите императори во историјата на Византија, ќе се одржи од 11 до 13 мај во Скопје.
Проектот е финансиран од Град Скопје во организација на Културно-информативниот центар во соработка со Институтот Евро-Балкан.
Со манифестацијата се одбележува годишнината од раѓањето на Јустинијан I (11 мај 483 г.), кој потекнува од околината на Скопје и на овие простори ја подига таинствената архиепископија „Јустинијана Прима“. Замислена како своевиден спој помеѓу античкото и модерното време, манифестацијата има за цел да ги заживее и пренесе историските и културните традиции од Јустинијановото во современо Скопје. Самиот факт што Јустинијан I со својата личност ја симболизира идејата на Византија за обединета Европа, претставува основа за промовирањето на историските и културните традиции на Скопје и Република Македонија, и нивното значење за општоевропската култура и цивилизација.
Владеењето на Јустинијан I (527-565 г.) го означува најголемиот подем на Византиската Империја. Со триумфалните освојувања на Италија, јужна Шпанија и северна Африка, Јустинијан I, ја реализира сопствената идеја за реставрација и обединување на некогашната Римска Империја. Како ревносен христијанин, со цврста решителност работи на воспоставување на доминацијата на христијанството и на создавање единство меѓу христијанските цркви. Со силна визија и интелект, ќе изврши кодификација на Римското право, поставувајќи ги со тоа основите на европското право. Со голема страст, развива грандиозна градежна дејност, незапаметена во историјата на Византија. 600-те одбранбени утврдувања на Балканот, претставуваат само дел од неговите градителски проекти. Неговото родно место „Таурисиум“, во околината на Скопје, го воздигнува во „величествен и многунаселен град“, кој го нарекува Јустинијана Прима, промовирајќи го во архиепископија „благословена во секој поглед“. Монументалната црква „Света Софија“ во Истанбул, претставува ненадминлив споменик на византиската уметност и архитектура, која го персонифицира Јустинијановиот дух за христијанска обнова. Јустинијан I е препознатлив и преку бракот со влијателната императорка Теодора, кој се вбројува меѓу најголемите и нејконтроверзни романси во историјата на Византија. Дури и смртта на Јустинијан I, на 14 ноември 565 година, од современиците е опишана како „величествена, која јасно демонстрирала дека тој го освоил светот“.
Јустинијан I бил воден од идејата да ја издигне неговата „Јустинијана Прима“ во главен политички и црковен центар на Балканот. Но, набрзо по неговата смрт следи колапс на Јустинијановиот фортификациски систем на Балканот, како последица од нападите на Словените и Аварите. Со целосната деструкција на „Јустинијана Прима“ во почетокот на VII век, исчезнува Јустинијановиот роден град, но не и неговата визија. Јустијановата епоха долго по неговата смрт, влијае врз историскиот и културниот развој на Европа. Во таа смисла, чествувањето на „Деновите на Јустинијан I“ во неговиот роден крај, претставува можност за споделување на неговите визии - за заземањето на местото на нашиот град Скопје во цивилизирана и обединета Европа.
Програма на манифестацијата „Денови на Јустинијан I“
Прв ден - 11 мај (Четврток) Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ 14:00 – Свечено отворање на научниот симпозиум „Скопје меѓу античкото и модерното време“. На симпозиумот ќе бидат презентирани најновите научни сознанија за историското и културното минато на градот Скопје;
Плоштад „Македонија“ 19:00– Поаѓање на „Јустинијановата поворка“. Во поворката ќе учествуваат ученици од скопските училишта и граѓаните на Скопје. На почетокот на поворката ќе се наоѓа кочија, во која симболично ќе биде претставен Јустинијан и неговата сопруга Теодора. Поворката ќе се движи од плоштадот „Македонија“ до скопската тврдина „Кале“; 19:45 Пристигнување на поворката на скопската тврдина „Кале“; 20:00 Свечено отворање на манифестацијата „Денови на Јустинијан I“. Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на Скопје, г. Трифун Костовски; 20:15 - 20:45 Сценски перформанс „Јустинијан I“; 21:00 Свечено отворање на „Фестивалот на песната и виното“ со настап на ансамблот за старо-македонско црковно пеење „Св. Јован Кукузел“;
Паралелно со презентацијата на црковната музика и црковното пеење, Фестивалот ќе биде проследен и со промоција на македонски вина од повеќе реномирани винарски визби: „Бовин“, „Повардарие“, „Сковин“, „Тиквеш“, „Мојсов“, „Балкрис“...
Втор ден – 12 мај (Петок) Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ 10:00-16:00 Презентација на рефератите на научниот симпозиум „Скопје меѓу античкото и модерното време“; 16:30 Официјално затворање на симпозиумот; Скопска тврдина „Кале“ 20:00 Фестивал на песната и виното, настап на градскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово и промоција на македонските вина; 21:00 Настап на машкиот црковен хор на Богословијата;
Трет ден – 13 мај (Сабота) Скопска тврдина „Кале“ 20:00 Фестивал на песната и виното, настап на Македонскиот црковен хор „Света Злата Мегленска“, промоција на македонските вина; 21:00 Официјално затворање на манифестацијата.
Програма на научниот симпозиум „Скопје меѓу античкото и модерното време“
11 мај (Четврток) 14:00 Свечено отворање на симпозиумот; 14:30 Коктел 15:00-17:00 Прва сесија (Претседава проф. д-р Анета Шукарова) 15:00-15:30 Акад. Блага Алексова Macedonia Secunda и нејзините старохристијански црковни центри 15:30-15:45 Проф. д-р Анета Шукарова Similacrum на Јустинијаново Скопје 15:45-16:00 Проф. д-р Милан Бошкоски Архиепископите на Јустинија Прима (535-602) 16:00-16:15 Доц. д-р Митко Б. Панов Јустинијана Прима – Тесалоника – Сирмиум: Паралели помеѓу политиката на Јустинијан I и на Теодосиј II 16:15-16:30 М-р Киро Ристов Античка населба „Градиште“ кај с. Таор. Можно родно место на царот Јустинијан I 16:30-17:00 Дискусија
12 мај (Петок) 10:00-11:45 Втора сесија ( Претседава проф. д-р Марија Пандевска ) 10:00-10:15 Доц. д-р Снежана Филипова Уметничките споменици како препознатлив белег на градот 10:15-10:30 Проф. д-р Загорка Расолковска-Николовска Портретите на кралот Волкашин и кралот Марко во Псача, Варош и Марковиот манастир 10:30-10:45 м-р Катерина Младеновска – Ристовска Скопската котлина во античкиот период 10:45-11:00 м-р Дамјан Донев Резултатите од содното истражување на Маркови кули, Водно 2005 11:00-11:15 Доц. д-р Драги Ѓорѓиев Османско Скопје (XV-XIX век). Демографско-социолошки аспекти 11:15-11:30 Проф. д-р Марија Пандевска Доселување на мухаџирите во Скопје и неговата околина за време на Големата источна криза (1875-1881) 11:30-11:45 Доц. д-р Силвана Сидоровска – Чуповска Дејноста на митрополитот Теодосиј Гологанов во Скопската епархија (1890-92) 11:45-12:15 Пауза 12:15-15:45 Трета сесија (Претседава проф. д-р Симо Младеновски) 12:15-12:30 Проф. д-р Надежда Цветковска Социјалната и аграрната структура на Скопска околија (според пописот на населението од 31 март 1931 година) 12:30-12:45 Проф. д-р Нада Јурукова Просветата во Скопје (1919-1929) 12:45-13:00 Проф. д-р Вера Гошева Банките во Скопје (1918-1929) 13:00-13:15 Проф. д-р Симо Младеновски Скопските Роми меѓу двете Светски војни 13:15-13:30 Проф. д-р Тодор Чепреганов, проф. д-р Лилјана Пановска Британски обид за минирање на хидроцентралата Матка во текот на Втората светска војна 13:30-13:45 Проф. д-р Ванче Стојчев Ослободување на Скопје – 1944 13:45-14:00 Проф. д-р Марјан Димитријевски Географска положба, димензии и статистички показатели за Скопје до 1991 година 14:00-14:15 Проф. д-р Катерина Тодороска Демографскиот прилив на Албанците во Скопје (1946-2006) 14:15-14:30 Проф. д-р Васил Јотевски Земјотресот во 26.VII.1963 г., Скопје – град на солидарноста: учество во обновата и лични размислувања 14:30-14:45 Доц. д-р Лидија Тантуровска Фирмите, рекламите и билбордите во Скопје 14:45-15:30 Дискусија за втората и третата сесија 15:45 Завршување на симпозиумот |